Цезар Ромеро, речиси сите оние кои малку повеќе го следат Вардар се сеќаваат на него и на неговите настапи, но и „испади“ во Вардарвиот тим. Мексиканецот со американски пасош играше во Вардар во 2015 година. И одлично тргна, на 8 настапи даде четири гола, не беше лош на теренот, но надвор од него сосема друга приказна.

Проблематичен, лесно избувлив и пред се љубител на ноќниот живот, па од тука Вардар брзо се реши од него. Кариерата ја продолжи потоа во Мексико, па играше во Алашкерт, а од минатата година се врати на „старата љубов“ – футсалот. Сега е дел од Сан Диего Сокерс од САД.

Инаку интересно, Ромеро и во минатото играл мал фудбал во два клуба во Мексико. Често менувал од мал во голем фудбал, но сега се чини дефинитивно е крај со кариерата на фудбал на стадионите, и се посветува на фудбалот во сала.