Милошоски: Што правеле сите тие министри на гости кај Боки 13? СЛУШАЛЕ ПЛОЧИ ОД 80-ти? (ВИДЕО)

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: Што правеле сите тие министри на гости кај Боки 13?  СЛУШАЛЕ ПЛОЧИ ОД 80-ти? (ВИДЕО)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во вечерашното гостување во емисијата “Што не е јасно“ на ТВ Алфа, истакна дека селективната правда во Република Македонија негативно влијае на положбата и имиџот на државата пред Европската унија и европските претставници.

Според Милошоски, поранешната специјалната јавна обвинителка која што е обвинета за случајот Рекет Јанева не можела сама да рекетира без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ, посочувајќи ги изјавите од страна на сведоците во случајот Рекет кои што сведочеле дека во домот на Боки 13 често пати гости биле токму министрите од владата на СДСМ. 

- Парадоксот овде е што главниот актер во случајот Рекет и главниот актер кој што на некој начин го дескридитриа и го девалвира СЈО, институцијата која што многу граѓани кои гласа за Заев полага надежи правда и правичност е Катица Јанева, а не Боки 13. Тој е дел од извршителите, таа е главниот плејмејкер и не можела Катица Јанева да била толку ефикасна во рекетирањето доколку немала толку висока и сигурна поддршка од челници од владата на Република Македонија. Ние имавме сега на сведочењето изјави и еден министер тоа го кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри, бил министерот за здравство Венко Филипче, бил неколку пати министерката Шеќеринска и  други претставници и градоначалници од СДСМ. Што правеле тие, слушале плочи од 80тите и разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми. Затоа сметам дека најголем одговорност за пропаст на проектот СЈО е токму на актуелната власт која што го злоупотреби СЈО за свои политички и материјални цели, кажа Милошоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата