Ник Кирјос го победи Италијанецот Лоренцо Сонего во првото коло од Австралија Опен со 6:2, 7:6 (7:3), 7:6 (7:1), а по мечот остана без зборови, откако поранешниот американски тенисер и актуелен телевизиски коментатор за време на Грен Слем турнирите, Џон Макенро, најде начин како да го замолчи.

Интерсно е дека и Макенро во свое време беше познат по контроверзното однесување на теренот и надвор од него, па најверојатно затоа и знаеше точно како да го „скроти“ домашниот претставник.

„Ќе донирам по 1.000 долари на помош на Австралија од катастрофалните пожари за секој освоен сет на Ник Кирјос на АО“ – објави Џон Макенро по победата на Кирјос, а на ова тенисерот едноставно немаше што да каже.