„ИСЧЕЗНА“ КРСТОТ во базен во Пробиштип - по 40 минути потрага ПОПОТ ФРЛИ ВТОР (ВИДЕО)

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„ИСЧЕЗНА“ КРСТОТ во базен во Пробиштип - по 40 минути потрага ПОПОТ ФРЛИ ВТОР (ВИДЕО)

Околу 40 минути траеше потрагата по крстот во Пробиштип каде по повод големиот христијански празник Водици крстот се фрлаше во базен во Аква паркот. Попот го фрли крстот, по што неколку момчиња кои се пријавија скокнаа во базенот. Но, откако не го најдоа фрлија втор крст по кој скокнаа само двајца од пријавените, пренесува МКД.мк.

Но, крстот потона во базенот длабок 2 метри и никој од пријавените верници не успеа да го пронајде. На неколку пати пријавените излегуваа и пак се фрлаа во базенот, нуркаа, но потрагата по крстот беше неуспешна.

Во празен базен и попот и верниците кои беа дојдени да присуствуваат на чинот гледаа околу 40 минути.

Настанот кој беше проследен со многу смеа од страна на присутните заврши со фрлање на втор дрвен крст по кој скокнаа само двајца. Едниот од нив по име Драган кој беше најупорен го извади крстот од базенот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата