Запленета марихуана во возило кај депонијата „Буково“

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запленета марихуана во возило кај депонијата „Буково“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23), А.Н.(35) од Битола и Т.Ј.(44) од Велес, поради постоење „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 7 јануари во 2:10 часот, на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај депонијата „Буково“, полициски службеници сопреле патнички автомобил со кој се превезувале пријавените и при извршен преглед пронајдена и одземена е една вреќа со 4 574 грама опојна дрога марихуана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата