Дивоградбите го УНИШТУВААТ ИДЕНТИТЕТОТ старата Скопска чаршија

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дивоградбите го УНИШТУВААТ ИДЕНТИТЕТОТ старата Скопска чаршија

Скопската чаршија веќе не е толку стара. Жителите на најстарата населба во главниот град се жалат дека новите градби и надградби го уништиле идентитетот на чаршијата. Околу малите дуќани, подигнати се големи објекти. Тие дури велат дека денешните реновирања според најновата мода, ја поткопуваат архитектурата од минатото, објави Алсат М

„Старата чаршија како што ја познавам уште од ‘74 не е веќе иста. Сега со новите градби се случи катастрофа. Мора сите да се урнат.“

„Порано Управата за културна заштита велеше дека треба да се санира според правилата, зборувам пред 30-40 години, а сега сето тоа е уништено.“

„Се сеќавам пред некое време како беше и како е уништено денес. Го уништија изгледот на стариот град. Се знае чија вина е, но не сме ние кои може да влијаеме.“

Од Градот Скопје велат дека чекаат одлука од Владата, која ангажирала инспектори да откријат кој им дал зелено светло на градежниците да подигнат дивоградби. Од 2011 година чаршијата беше прогласена за заштитено подрачје и сите надлежности за издавање на градежни дозволи од страна на Општина Чаир беа пренесени на Министерството за транспорт. Висар Ганиу, градоначалник на општината, признава дека има десетици згради изградени надвор од стандардите и повикува да се преземат мерки.

„Општина Чаир ги има евидентирано сите објекти што се градат без дозвола, ги има информирано Владата и Министерството, Градот Скопје и Државниот инспекторат. Значи, иако не сме надлежни, излеговме и ги евидентиравме, очекуваме да видиме какви мерки ќе преземат“-изјави Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Целата вест на Алсат М

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата