Македонија шеста во светот според стапката на невработеност

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија шеста во светот според стапката на невработеност

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност од 20 проценти.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто. Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто итн.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата