Кон крајот на ноември, Samsung го најави свој паметен телефон со екран на свиткување, а овие денови и официјално потврди дека на 20. февруари ќе го претстави на Unpacked настанот, што ќе се одржи во Сан Франциско.

Galaxy Fold би требало да биде претставен на 20. февруари, заедно со Galaxy S10 серијата паметни телефони.

На својот официјален Twitter профил, Samsung објави видео со порака дека иднината на мобилната индустрија ќе биде разоткриена на 20. февруари, 2019. година. Деталите за уредот во видеото не се обелоденети, но би требало да има два дисплеја.

Еден од нив би имал димензии од 4,58 инчи, додека вториот, односно расклопениот, би требало да биде со големина од 7,3 инчи. Форматот на помалиот екран ќе изнесува 21:9 со резолуција од 1960 x 480 пиксели, додека поголемиот дисплеј ќе има формат 4:2:3 со резолуција 2152×1536 пиксели.

извор: USB.mk

1

loading...
loading...

Најчитани вести