Со НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН се отвара пат за ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ?

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН се отвара пат за ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ?

Здружението на граѓани „Традиционално семејство“ бара пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, пренесува Алфа.

Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена.

Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови.

Алфа го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството.

Како аргумент плус од здружението ја наведуваат одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, во која е наведено дека според европското право истополовите бркови не се сметаат за човеково право и истополовите заедници не се сметаат исто како бракот помеѓу маж и жена.

Законот за дискриминација со кој се овозможува склучување на истополови бракови не беше изгласан ни во Бугарија и Хрватска.

Прилогот на Алфа, погледнете го во продолжение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата