Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми.

„На 13 декември 2019 година, од 22.41 до 22.48 часот по локално време, во космодромот Сохе е спроведена последната значајна проба. Нашите научници од одбраната добија голема чест да бидат удостоени со срдечни поздрави од Централниот комитет на партијата,” се наведува во соопштението, објавено од Централната телеграфска агенција на Северна Кореја.

Понатаму се наведува дека резултатите во одбраната, што ги постигнувале еден по друг за толку кратко време ќе бидат применети во зголемувањето на стратегискиот потенцијал за нуклеарното кревање на земјата на уште повисоко ниво.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата