Екипите на Хетафе и Клуж првпат во историјата ќе играат во нокаут рундата на едно европско клупско натпреварување, во случајов Лигата на Европа. Шпанската екипа во третото учество во групите на Лигата на Европа (првото во 2007/08, второто 2010/11) успеа да избори место во 1/32 финалето. Тоа им успеа откако го победија со 3:0 директниот конкурент Краснодар. А од оваа група првото место го освои Базел кој го победи Трабзон и освои 13 бодови.

А и Клуж го завери местото во нокаут рундата. На Романците им требаше барем бод, а вечерва на свој терен го победија шкотски Селтик со 2:0. Шкотите можеа да си го дозволат овој пораз бидејќи уште претходното коло беше познато дека ќе бидат победници на групата. А во аут е Лацио кој вечерва изгуби од Рен. А и да победеше римскиот клуб немаше шанси да оди понатаму.

Во групата Ф беше драматично во вторите полувремиња. Арсенал беше пред пораз во Лиеж, а Ајнтрахт пред победа во Франкфурт. Но во финишот работите се сменија. „Топчиите“ губеа со 2:0 но набрзина изедначија на 2:2, а Ајнтрахт иако имаше 2:1 против Гимараеш до 85 минута изгуби со 2:3. За нивна среќа, резултатот во Лиеж остана нерешено, па Стандард заврши трет со 8 бодови еден помалку од Германците. Да победеше Стандард ќе избореше место понатаму…

Натпреварите од другите групи се играат вечерва.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore