Србија отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

На Меѓународната конференција во Брисел, Србија го отвори поглавјето 4 за слобода на движење на капиталот, пренесе РТС. Отворањето на ова поглавје, значи дека Србија спроведува реформи, порача српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Комесарот за проширување, Оливер Вархели истакна дека отворањето на ново поглавје е позитивен сигнал, како за Србија така и за земјите од Западен Балкан, но и за политиката на проширувања.

Ова е второ поглавје во преговорите за членство во ЕУ, кои Србија ги отвори оваа година, откако во јуни беше отворено поглавјето 9 за финансиски услуги.

Во техничка смисла, како што наведува РТС, за отворање во овој момент биле подготвени уште три поглавја – поглавјето 2 за слободно движење на работници, поглавјето 21 за транс-европски мрежи и 14 за политика на сообраќај, но политичка согласност меѓу земјите членки е постигната само за поглавјето 4.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата