САД и Иран разменија затвореници

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Иран разменија затвореници

САД и Иран денеска разменија затвореници, при што секоја страна ослободи по едно лице, што претставува редок чин на дипломатска соработка меѓу двете земји, по повеќемесечните тензии.

Студент на постдипломски студии на американскиот Универзитет Принстон е ослободен во Иран, во замена за ирански научник кој е задржан во САД.

За време на размената, која е извршена во Цирих, ирански официјални претставници го предадоа американскиот студент со кинеско потекло Сијуе Ванг, кој беше во притвор во Техеран од 2016 година, во замена за научникот Масуд Солејмани, кој беше осуден во сојузната американска држава Џорџија.

Набрзо се огласи и американскиот претседател, Доналд Трамп, потврдувајќи дека Ванг е ослободен и се враќа во САД.

„Ванг беше затворен од август 2016 година под изговор дека вршел шпионажа. Им благодариме на швајцарските партнери за помошта во преговорите за ослободување на Ванг од Иран“, нагласи Трамп.

Солејмани, пак, кој работи на истражување на матични клетки, хематологија и регенеративна медицина, бил уапсен од американските власти под обвинение дека ги прекршил трговските санкции, обидувајќи се во Иран да пренесе биолошки материјал.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата