„О Шилегов 9.000 плата и 3 месеци не сум земал“ (ВИДЕО)

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„О Шилегов 9.000 плата и 3 месеци не сум земал“ (ВИДЕО)

„9 илјади денари плата. 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте“, вели еден од работниците.

По кратко време пристигна и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Ганиу вели дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

„Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите“, вели Висар Ганиу – градоначалник на О. Чаир.

Во паркот меѓу улицата „Македонска Бригада“ и „Ферид Мурат“,  е направено  и детско катче. Имаше и незадоволни граѓани, кои ги потсетија градоначалниците дека се ближат изборите.

„Ве видот дека дојдовте, и затоа дојдов да ве потсетам дека се наближуваат изборите“, вели еден од жителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата