Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци. Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина.

„Ве известуваме дека Општина Карпош ги интензивираше инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), во Бардовци (долж реката Лепенец), по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад.На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8 “, соопшти Општина Карпош.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата