Без вода утре дел од корисниците во Центар

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Без вода утре дел од корисниците во Центар

Без вода утре ќе останат корисниците од Холидеј Ин до Плоштад, како и од улица Никола Кљусев, Скопско и дел од улицата Орце Николов.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ утре поради промена на вентил на улица „Кеј 13-ти Ноември“ (пред кафана Ања) во населбата Центар, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од Холидеј Ин до Плоштад од 8 часот до завршување.

Поради уличен дефект од ф 2“ на улица Орце Николов (пред Охридска банка) во населбата Центар без вода ќе бидат корисниците од улицата Никола Кљусев, Скопско и дел од улицата Орце Николов од 8 часот до завршување на дефектот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата