Мистериозен инвеститор од Холандија преку пензионер од Скопје сака да ја купи 1ТВ

16.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мистериозен инвеститор од Холандија преку пензионер од Скопје сака да ја купи 1ТВ

Пензионерот Богдан Дамјановски е заинтересиран за 1 тв. Има 77 години и живее во населбата Кисела Вода. Телма контактираше со него за да го праша зошто еден пензиниран градежник сака да влезе во медиумскиот бизнис. Не беше расположен да се снима, но вели дека тој е само посредник не и иден сопственик. Газда на телевизијата поврзана со Боки 13 сакал да биде извесен србин кој долго време живеел во Холандија.

  • Името не можам да ви го откријам додека не се официјализира. Подготвен е да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра. И тој е пензионер кој долго време работел во Холандија и сега сака да се врати на овие простори, а заработените пари ќе ги инвестира во 1 ТВ за тоа што за кусо време постигна голем степен на гледаност, рече Богдан Дамјановски – пензионер посредник за 1ТВ. 

На инвеститорот не му пречела аферата поврзана со Бојан Јовановски тврди Дамјановски. Ги негира тврдењата на ујп за 1 тв дека е голем должник на државата. Од 14 септември во телевизијата влегле проценители кои според Дамјановски утврдиле дака има опрема вредна 158 илјади евра. негира дека целата тв опрема била на томато а 1тв ја изнајмувала за 800 евра како што тоа го тврдеше вчера УЈП. Според Дамјановски 1 ТВ имала само две неисплатени плати за 7 и 8 месец за 46 темина вработени, и демантира дека се затајувал данок за картите за концертите на северина и марија шерифовиќ. Сега стравува дека мистериозниот инвеститор ќе се откаже после негативната кампања која се води преку медиумите.

Целиот текст на следниов линк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата