Кривични за гостиварци кои уништиле шума правејќи пат без дозвола

15.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривични за гостиварци кои уништиле шума правејќи пат без дозвола

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители од гостиварското село Форино, на возраст од 61 и 71 година.

Како што информираат од МВР, во текот на 2017 година второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за правење на пат кон селото, без обезбедено одобрение од јавното претпријатие „Национални шуми“.

По ова, од почетокот на годинава до 31. мај, во атарот на село Форино, на место викано „Форински извори“, на парцели во сопственост на „Национални шуми“, 61-годишникот со работна машина го пробил патот, без потребното одобрение.

Притоа, тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер.

Со ова пријавените, на јавното претпријатие „Национални шуми“ му нанеле штета од 118.020 денари. Двајцата селани се товарат за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „помагање“.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата