Северна Кореја лансира неколку неидентификувани проектили кон Јапонското Море

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја лансира неколку неидентификувани проектили кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше неколку неидентификувани проектили кон Јапонското Море, објави новинската агенција Јонхап од Јужна Кореја.

Според армијата на Јужна Кореја, проектилите биле истрелани кон исток од копнената област во провинцијата Јужен Пјонган во западниот дел на Северна Кореја. Типот на проектилите и нивниот опсег сè уште не е познат.

„Нашата војска ја следи ситуацијата во случај на дополнителни лансирања и е во состојба на подготвеност “, агенцијата го цитираше генералштабот на јужнокорејската армија.

Јапонската новинска агенција Кјодо, пак, соопшти дека двете ракети не стигнале до ексклузивната економска зона во Јапонија и не претставуваат никаква закана за земјата.

„Немаме информации што укажуваат на тоа дека балистичките ракети стигнале до нашата ексклузивна економска зона. Нема директна закана“, Кјодо цитираше владин извор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата