Професор Калајџиев: За СЈО НЕ МОЖЕ да се избира ВД специјален јавен обвинител

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Професор Калајџиев: За СЈО НЕ МОЖЕ да се избира ВД специјален јавен обвинител

Почна од изјавата на државниот јавен обвинител Јовевски кој, надвор од своите овластувања, наметна дека наместо Катица Јанева сега Советот треба сам, без одлука на Собранието и препорака до Советот, да избере ВД (вршител на должност) шеф на СЈО што е директен повик на суспензија на овластувања на Собранието кое, според Законот за СЈО единствено избира шеф на СЈО со 2/3 гласови на пратениците и Бадинтерово мнозинство, а предлогот потоа го дава на гласање до Советот на обвинители. И премиерот Зоран Заев вечерва го повика Советот на обвинители да избере ВД шеф на СЈО со што, уште еднаш, се покажа спрега на политичко заедништво помеѓу СДСМ, извршната власт и државниот обвинител Јовевски, дури и во вакво зовриено време таа соработка не се крие, а токму заради таквата соработка помеѓу Заев и Катица Јанева СЈО доби моќ без контрола која заврши со корупција.

Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во СЈО не може да се избираВД специјален јавен обвинител, затоа што се работи за строго монократски орган. Тој вели дека доколку се разреши Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО, се вели во веста на Канал 5.

Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители, аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластување специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура, а сите други се негови помошници, така што нема други можности според идејата и духот на законот да има ВД обвинител од редот на обвинителите. Според законот за СЈО, нивното разрешување е директно врзано со мандатот на специјалниот јавен обвинител. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден.

Калајџиев вели дека постапките на СЈО кои не се директно загрозени од злоупотреба во моментов ќе мируваат, а потоа ќе продолжат со новиот обвинител, останатите за кои постои сомневање за злоупотреби вели мора да сопрат. Професорот Гордан Калајџиев е инаку најспомнуваниот кандидат за шеф на СЈО во времето кога за таа функција се бираше Катица Јанева.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата