Реконструкција на покривот и на подот на салата на ОУ „Владо Тасевски“

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реконструкција на покривот и на подот на салата на ОУ „Владо Тасевски“

Почнува реконструкцијата на покривот на училиштето „Владо Тасевски“ во Козле. Во оваа образовна установа целосно ќе се промени и подот во спортската сала. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска ги најави и сите други санации и реконструкции, кои, како што рече, ќе се извршат во основните училишта во Карпош.

Локалната самоуправа во текот на летниот распуст санира дел од покривот на „Јан Амос Коменски“, како и неколку училници.

Како што беше соопштено, дополнително ќе се реконструираат и тоалетите во „Војдан Чернодрински“ и во „Аврам Писевски“. Во „Братство“ претстои санација на покривот и промена на прозорците; се уредуваат и неколку училници во „Христијан Тодоровски – Карпош“; исто така ќе се санира покривот и ќе се променат прозориците во „Вера Циривири – Трена“; во „Димо Хаџи Димов“ во Влае ќе се реконструираат тоалетите во спортската сала.

„Нашата цел е да обезбедиме подобри инфраструктурни услови во училиштата, вреднување на трудот на најдобрите ученици, но и да создадеме повеќе можности за развивање вонучилишни активности. Целта е да имаме посреќни деца и здрави генерации ученици“, рече Богоев.

Некои од реконструкциите веќе се во тек. Тие ќе продолжат и на почетокот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата, со што нема да има никаков прекин на наставата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата