Ресенчанец повраден откако украл автомобил па со него се забил во столб

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ресенчанец повраден откако украл автомобил па со него се забил во столб

Во полицијата во Ресен во раните утрински часови на 13 август било пријавено дека украден автомобил марка „цитроен берлинго“ удрил во столб.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на ресенската улицата „Борис Кидрич“ во правец на селото Царев Двор каде возилото со охридска регистрација удрило во столбот.

Автомобилот бил управуван од 26-годишен ресенчанец кој тој го украл од сопственикот.

По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време бил пронајден. Од незгодата 26-годишникот се здобил со повреди и му била укажана помош во ресенската болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Ресен.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата