Почина Алфонсо - скопската легенда во бело одело

9.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Алфонсо - скопската легенда во бело одело

Почина познатата скопска легенда и актер Рефет, попознат меѓу народот како Алфонсо. Тој редовно беше присутен во скопските кафулиња, пиејќи го своето познато капучино, па дури и во дискотеките, секогаш облечен во бело одело и со златен ланец околу вратот.

Алфонсо сите добро го познаваат од познатиот филм за ромите „Шампионите од Шутка“, но тој, исто така, имаше улога зема и во „Дом за бесење“ и „Црна мачка бел мачор“ на познатиот продуцент и режисер Емир Кустурица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата