ИН МЕМОРИАМ: Поранешен одбојкар на Работнички почина на 43-годишна возраст

5.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИН МЕМОРИАМ: Поранешен одбојкар на Работнички почина на 43-годишна возраст

Бугарските медиуми објавија дека поранешниот одбојкар на Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев почина вчера на 43-годишна возраст.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на „Топ тим“-купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата