Asus ROG Phone II е нов смартфон наменет за гејмерите (ВИДЕО)

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Asus ROG Phone II е нов смартфон наменет за гејмерите (ВИДЕО)

Првиот ROG гејминг смартфон на Asus беше еден од водечките во оваа сфера, а сега доаѓа наследникот кој ќе ја оправда улогата.

ROG Phone II е фокусиран на подобрување на спецификациите во однос на револуција на дизајнот. Пред сѐ подобрен е дисплејот, така што уредот сега има 6,59-инчен OLED панел со резолуција од 1080p, со интегриран сензор за отпечаток од прст, поддршка за HDR10 стандард и френквенција на освежување од 120Hz.

Времето на реакција е 49 милисекунди, што е најмало во споредба со кој било смартфон. Корисниците ќе може да бираат меѓу стандарден Android или ROG интерфејсот на Asus при нагодувањето на телефонот.

ROG Phone II има и 12 GB RAM, до 512 GB внатрешна меморија, камера од 48 мегапиксели и батерија од 6.000 mAh што може да издржи повеќе од седум часа играње на популарната игра PUBG ако екранот е поставен на 60Hz.

Првиот ROG Phone беше познат по додатоците, па Asus за наследникот нуди пакет со TwinView dock со дополнителен екран, вентилатор AeroActive Cooler, нов контролор сличен на оној за Nintendo Switch што се спојува од страните.

Цената на смартфонот ROG Phone II што ќе биде достапен во првата недела од септември уште не е позната, но колку за потсетување, првиот чинеше 899 долари.

Извор: Klix.ba

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата