Освен Коки, ги имаме ЖАКИ И РАКИ - Героски со нови информации за Рекет

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Освен Коки, ги имаме ЖАКИ И РАКИ - Героски со нови информации за Рекет

ЖАКИ, КОКИ И РАКИ - 400.000 ЕВРА РЕКЕТ?!

Жаки, важна фаца во телекомуникацискиот бизнис, дал изјава каде што треба, дека Коки му изрекетирал 400.000 евра. 300.000 евра зел Коки, а 100.000 евра биле за Раки, важен човек од власта. Така признал Жаки. Така ми шепна врапчето денеска...пишува Бранко Героски на ФБ.

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството.

Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на истрагата.

Вештачењето на телефонот на Јанева беше со цел да се види нејзината комуникација со осомничените во „Рекет“.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.

Катица Јанева даде оставка на функцијата минатиот понеделник, од кога не е достапна за јавноста. Јанева, како што информираа од СЈО, во вторникот отворила боледување.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата