Рестораните „Сидро“ остатоци од храна фрлале во јавни контејнери, граѓаните се пожалиле на смрдеа

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рестораните „Сидро“ остатоци од храна фрлале во јавни контејнери, граѓаните се пожалиле на смрдеа

Двата рибни ресторани „Сидро“, кои се наоѓаат во Карпош 3 и кај „Млечен“, беа задолжени да постават посебни садови за собирање на комунален отпад и селектирање на остатоците од храна, бидејќи досега рибните ресторни ги фрлале остатоците од храна во контејнерите наменети за комунален отпад, информираат од општина Карпош.

„Како резултат на непријатната миризба, неправилното одлагање на отпадот и реакциите од граѓаните, инспекциските служби на Општина Карпош заедно со Инспекторатот на Град Скопје, извршија вонреден инспекциски надзор“, се наведува во соопштението на општинските власти.

Во него се додава дека по интервенција на инспекторите од локалната самоуправа и Град Скопје, ресторанот „Сидро“, склучил договор со овластена фирма за одлагање на отпад во посебни пластични канти, наменети за таков вид на прехранбени остатоци.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата