Не се шегувајте со чесни луѓе: Заев му пишал на пранкерот кој го измами!

11.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не се шегувајте со чесни луѓе: Заев му пишал на пранкерот кој го измами!

Пранкерите кои во разговори го измамија Зоран Заев, наведувајќи го да мисли дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повторно го контактирале Заев.

Премиерот, како што обелодени вечерва во изјава за „Клан“, им вратил на пораката.

Вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака. Реков дека јас сум чесен човек, немојте да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. Некој можеби живее од тоа, јас знам дека тие луѓе заработуваат пари од тоа, на Јутјуб пуштаат и тоа се наплаќа, мене ми е јасно, но истовремено и ние имаме чест и углед и не е коректно да си играме со честа и угледот на некој – рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата