Таткото на жртва од Смилковско езеро БАРА ПРИТВОР ЗА ЗОРАН ЗАЕВ

7.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таткото на жртва од Смилковско езеро БАРА ПРИТВОР ЗА ЗОРАН ЗАЕВ

Татко на едно од убиените момчиња кај Смилковско езеро, Горан Наќевски, побара од судијата Огнен Ставрев стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, под морална и кривична одговорност, изрази желба, неповикан, на денешното судење за предметот „Монструм“ да даде изјава и судијата Ставрев му дозволи.

Во изјавата, тој го обвини Заев дека сега откако се склучи коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

 Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни – рече Наќевски.

Тој продолжи, во име на сите родители: Бараме претрес да се изврши во моментов во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме.

Судот не се изјасни за барањата на родителите на убиените деца. Судењето е одложено за 15 мај, зашто обвинетиот Фејзи Азири се разболел. Родителите остро реагираа на тоа. Стана обвинителката Фатиме Фетаи и забележа дека нема комплетна документација за разболениот обвинет како доказ. Судијата Огнен Ставрев им вети на револтираните родители во судницата: „Ви ветувам одиме до крај, брзо ќе дојдеме до вистината. Од вас барам само да ми помогнете и да бидете уште малку трпеливи“.

На 24 ноември минатата година, Врховниот суд ги укина пресудите на Апелациониот и Основниот суд Скопје 1 за предметот „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Со ваквата пресуда на Врховниот суд беа уважени жалбите на осудените за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата