Гореше автомобил на паркинг во Ново Лисиче

25.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гореше автомобил на паркинг во Ново Лисиче

На паркинг во скопската населба Ново Лисиче вечерва изгоре автомобил марка „рено лагуна“.

Според очевидци, горењето на возилото предизвикало паника кај луѓето кои се затекнале на паркингот, но брзо била повикана противпожарна екипа која брзо го изгаснала огнот.

Пожарот го пријавиле луѓе кои живеат во близина на паркингот, а сопственикот на автомобилот не се појавил додека траела интервенцијата на пожарникарите.

Околу опожареното возило имало и други автомобили, но сопствениците успеале да ги тргнат навреме, па така бил избегнат поголем инцидент.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата