Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за убиство поради соборувањето на малезискиот патнички авион во Украина

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за убиство поради соборувањето на малезискиот патнички авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство поради соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Холандските истражители ги обвинија Русите Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов и Украинецот Леонид Харченко за вмешаност во соборување на авион, објави „Би-би-си“.

За четворицата мажи се издадени меѓународни потерници за апсење, а судењето е закажано за 9 март 2020 година.

Истражителите нагласија дека ќе побараат од Русија да ги екстрадира осомничените, кои се наоѓаат во таа земја, и се верува дека државјанинот на Украина се наоѓа во Украина.

Летот со патници МХ17 беше на пат од Амстердам до Куала Лумпур, кога беше соборен над источна Украина, на 17 јули 2014 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата