Уапсен Мишел Платини

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен Мишел Платини

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот за 2022 година.

Светските медиуми пренесуваат дека Платини е уапсен рано утрово, со цел да биде однесен на испутување околу малверзациите правени за доделувањето на организацијата за Светското првенство кое треба да се оддржи во Катар.

Легендарниот француски фудбалер беше претседател на УЕФА во периодот од 2007 до 2015 година, кога е суспендиран од страна на Етичкиот комитет на ФИФА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата