Сопствениците на кафулиња во скопската чаршија имаат пет дена да ги отстранат нелегалните тераси

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопствениците на кафулиња во скопската чаршија имаат пет дена да ги отстранат нелегалните тераси

Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола. Од Општина Чаир соопштија дека за нив нема да бидат изречени предвидените законски казни.

„Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни“, велат од општината.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата