Посебен сообраќаен режим на скопските улици поради концертот на Здравко Чолиќ

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Посебен сообраќаен режим на скопските улици поради концертот на Здравко Чолиќ

Популарниот српски пејач Здравко Чолиќ во сабота (15 јуни) ќе одржи концерт на стадионот „Тодор Проески“ со почеток од 20 часот.

Како што информираат од МВР, поради овој музички настан ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот.

Истиот ќе се состои од периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата