Од ресторан во Тексас поранешен вработен украл дури 140 килограми месо

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од ресторан во Тексас поранешен вработен украл дури 140 килограми месо

Инаку, тоа е тврдо парче месо кое се чади со часови и се претвора во меко месо кое се кине под прстите. Материјалната штета изнесува 3 илјади долари.

Непосредно по 4 часот наутро минатиот четврток, крадецот се искачил преку оградата околу ресторанот, ги исекол бравите на јамите за скара и ги натрупал сите 20 плешки во задниот дел на теренецот пред да побегне.

Ресторанот претпоставува дека се работи за поранешен вработен кој знае каде се чади месото. Со оглед на тоа дека една плешка во просек тежи 7 килограми, крадецот од ресторанот однел 140 килограми месо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата