Општина Кисела Вода додели нови 76 ваучери за новороденчиња

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Кисела Вода додели нови 76 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода додели 76 ваучери за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца.

Општина Кисела Вода ваучерите во висина од 6.000 денари ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата