ХИТ ИЗЈАВА: Еве зошто поскапеле влезниците во Золошка!

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХИТ ИЗЈАВА: Еве зошто поскапеле влезниците во Золошка!

Зоолошката има трошоци, слоновите јадат многу, исто како и шимпанзото, објасни директорот на зоолошката градина Ѓорги Галетановски по однос на точката со која се предвидува поскап билет за влез во зоолошката градина.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа против покачувањето кое го изгласа мнозинството на градот Скопје.

- Ваквата цена значи ограбување на граѓаните и тоа удирајќи по најболната точка, децата, истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Петре Шилегов, пак, најави дека зоолошката градина ќе има нови содржини, побогати и дека тоа мора да се одржува со цел институцијата да не биде доведена до егзистенцијалните минимални граници.

Советникот од ГРОМ Александар Трајановски запраша дали во новиот концепт на зоолошката се предвидуваат нови угостителски објекти кои можеби им се ветени на некои структури?

Инаку, во Зоолошката градина во тек е уредување и приспособување на простор за новите жители на Зоолошката градина, шимпанзата кои би требало да бид да бидат донесени од Холандија во јуни годинава.

Инаку, во Зоолошката градина во тек е уредување и приспособување на простор за новите жители на Зоолошката градина, шимпанзата кои би требало да бидат донесени од Холандија во јуни годинава. Живеалиштето за шимпанзото Коко и уште тројца негови другари со кои бил неразделен во Холандија е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата