На територија на СВР Велес казнети 14 возачи за непропуштање пешаци

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На територија на СВР Велес казнети 14 возачи за непропуштање пешаци

Полициски службеници на СВР Велес денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 14 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 24 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Велес и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата