ВМРО-ДМНЕ со предлог да се укине техничката влада за пионот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, со се Спасовски кој ќе му го држи стравот

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДМНЕ со предлог да се укине техничката влада за пионот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, со се Спасовски кој ќе му го држи стравот

Предлагаме да се укине техничката влада за пионот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, со се Спасовски кој ќе му го држи стравот, се вели во соопштение до јавноста испратено од ВМРО-ДПМНЕ, а како реакција на ставовите на Стефан Богоев од интервјуто за Утрински Брифинг.

– ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ ќе се обиде да врши поткуп, како што правеше и за време на локалните избори, знаеме и дека ќе ја злоупотребат и МВР, како што видовме дека правеле со пробиената вибер комуникација, но разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. Не може Спасовски толку да поткупи, уцени и заплаши, колку што е голема предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Народот бара промени, и тоа е бран кој СДСМ не може да го запре. Барањето промени секој ден ќе биде се помасовно. На ВМРО-ДПМНЕ му одговараат избори кога и да се случат, но на државата и се потребни веднаш. Македонија заради СДСМ е западната во 4 кризи од кои не може да излезе со истава гарнитура на луѓе кои во и ја внесоа државата во таа ситуација, се вели во партиската реакција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата