Скопската полиција санкционираше 12 прекршоци од мотоциклисти

19.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопската полиција санкционираше 12 прекршоци од мотоциклисти

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Скопје на 18 мај во периодот од 14:00 до 19:00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.

Како што информираат од МВР, при контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два – измината важност на сообраќајна дозвола, три – управување со несоодветна категорија и шест – управување без заштитен шлем (кацига).

Во однос на овие прекршоци издадени се 12 прекршочни платни налози. Дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.

Во текот на истиот ден сообраќајната полиција во периодот од 06:00 до 24:00 часот спровела зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

„Педесет и осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати“, соопштија од МВР.

Откриени се и 79 останати прекршоци за кои се издадени 43 мандатни платни налози и 36 прекршочни платни налози.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата