ТФТ демонстрираше сила во Куманово, дербито на дното за Академија ФМП

16.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТФТ демонстрираше сила во Куманово, дербито на дното за Академија ФМП

ТФТ останува во друштвото на непоразени екипи и по третата средба во Супер-лигата оваа сезона. Тимот од Тафталиџе одигра фуриозно против Куманово, на гостински терен славеше со 68-85.

Првата четвртина беше на крајот и одлучивачка. Кошаркарите на ТФТ постигнаа 35 поени, наспроти 14-те на домашниот состав. По 38-56 на полувремето, гостите им зададоа нов удар на домашните играчи, третиот период го добија со 20-8 за крај на сите надежи.

Хортон со дабл-дабл го предводеше својот тим, имаше 20 поени и 10 скока, Леонард постигна 18 поени.

ПРВА РАДОСТ ЗА АКАДЕМИЈА ФМП

Дуелот на дното на табелата меѓу Кожув и Академија ФМП им припадна на гостите, во гевеглија славеа со за прва победа оваа сезона. Домаќинот поведе со 22-14 по првите десет минути, но избраниците на Александар Петровиќ одиграа на посакуваното ниво во следните два периоди, дојдоа до предност од 52-59 пред стартот на последните десет минути. Ова водство прерасна во двоцифрено, Академија ФМП остана во ритам до самиот крај.

Новото засилување Ајви постигна 28 поени и 7 скока, Крстајиќ имаше 18. Кај Кожув, Николовски имаше дабл-дабл од 19 поени и 12 скока.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата