ЛШ: Ц. Звезда со играч помалку само до реми со Шериф Тираспол (ВИДЕО)

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Ц. Звезда со играч помалку само до реми со Шериф Тираспол (ВИДЕО)

И покрај големата желба за победа, Црвена Звезда одигра само нерешено 1:1 на домашен терен во првиот меч од 3. квалификациско коло за ЛШ против молдавски Шериф.

Фудбалерите на Шериф Тираспол изненадија со голот од слободен удар на Кастанеда во 33. минута со кој дојдоа до водство од 1:0. Српскиот шампион го засили темпото, што резултираше со израмнување во самата завршница на првиот дел. Диони погоди во 45+1 минута за 1:1.

Во вториот дел и покрај желбата на домашните, „црвено-белите“ никако не успеваа да дојдат до шанса за водство. Наспроти тоа во 58. минута, Габонецот Канга заработи втор жолт картон и ги остави белграѓани со играч помалку на теренот.

Шериф Тираспол во самиот финиш почувствува дека може да се обиде да ја искористи предноста од играч повеќе, направи неколку изгледни позиции за гол, но не успеа да реализира.

 

Олимпијакос извади реми против Лудогорец на домашен терен. Бугарите поведоа со голот на Десподов во 50. минута и одржуваа предност се до 3 минути пред истекот на регуларните 90. Камара успеа во 87. минута да го погоди голот на Лудогорец и на Олимпијакос да му избори реми пред реваншот во Разград.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата