Бруно: Задоволство е повторно да се видат пријателите во Шкендија!

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бруно: Задоволство е повторно да се видат пријателите во Шкендија!

И дефинитивно Бруно Акраповиќ од денеска е старо – нов стратег на Шкендија. По дводневни преговори тој и официјално е промовиран од страна на раководството на нашиот првак. Toj повторно е на клупата на тетовци по октомври 2016 година, кога се раздели од Шкендија.

Веднаш откако беше промовиран на клупската интернет страница, стратегот од БИХ истакна…

Доаѓам со позитивен впечаток. Тука имам многу пријатели, задоволство е повторно да се видат пријателите во Шкендија. Сметам дека ќе имаме резултати, секако прво треба да ставиме акцент на подигање на мотивацијата во тимот по елиминацијата од Европа. Квалитет имаме, само тоа треба да го покажеме. Се надевам дека ќе ги оствариме желбите на јавноста, нашите фанови и се разбира нашиот спонзор“ истакна Бруно.

Да кажеме дека негови помошници ќе му бидат Ерхан Селими и Бранко Окиќ, Куштрим Абдулаи тренер на голманите а Метин Далип кондициски тренер.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата