Оскаровецот Хоакин Феникс е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ! Дефинитивно е КРАЛ НА ТРАНСФОРМАЦИИТЕ

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оскаровецот Хоакин Феникс е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ! Дефинитивно е КРАЛ НА ТРАНСФОРМАЦИИТЕ

Познатиот оскаровец Хоакин Феникс (46) повторного трансформираше своето тело за филмска улога.

Актерот беше снимен на сетот за претстојниот негов филм „Бул. Разочарување“. во Монтреал, Канада. На папарацо фотографиите, оскаровецот изгледа многу постаро, со седа и ретка коса и многу зголемена тежина.

Иако деталите за филмот се чуваат во тајност, заплетот е опишан како „интимен портрет на еден од најуспешните претприемачи на сите времиња“. Режисер на филмот е Ари Астер (35), а заедно со Феникс ќе се појават и sвездите на Бродвеј, Нејтан Лејн и Пати ЛуПоне.

Не е чудно за актерот да го промени изгледот за улогите, Хоакин изгуби неверојатни 22 килограми за улогата на „Џокер“, што на крајот го натера да биде опседнат со губење на тежината.

– Откако ќе стигнете до целта, се се менува. Станувате опседнати ако вратите 10 декаграми и всушност ви се развива такво нарушување – изјави тогаш Феникс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата