Никако не можеш да им киднеш: Полицијата со дронови лови недисциплинирани возачи (ВИДЕО)

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никако не можеш да им киднеш: Полицијата со дронови лови недисциплинирани возачи (ВИДЕО)

Кога станува збор за фаќање возачи кои прават сообраќаен прекршок, полицијата ќе користи каква било технологија што е легална и ѝ е финансиски достапна.

За тоа најдобро сведочи примерот од Полска, каде дрон им помага на силите на редот во лов на арогантни возачи.

Полицијата во полскиот град Олштин веќе објави видео на кое се гледа како со помош на дрон се улови возач на црвен автомобил кој претекна на полна линија.

Откако со помош на дронот беше утврден прекршокот, полицијата по 200 метри го сопре возачот кој доби соодветна казна. И истото продолжи и со други возачи, на автомобили но и моторцикли.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата