Извршен увид во скопско Рашче, каде беше убиено едно лице

25.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Извршен увид во скопско Рашче, каде беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице.

Според првичните информации од увидот, лицето било убиено со истрели од огнено оружје.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата