Екипата на ЖРК Вардар е финалист во Купот на Македонија откако денеска забележа триумф над ЖРК Чаир со 31:27. Трпевска, Стојановска и Дамјановска постигнаа по пет гола за Вардар, а Рахмани беше најефикасна кај Чаир со осум гола.

Вардарки на пауза заминаа со 15:6, а на десеттина минути пред крајот тимот на Чаир се приближи меѓутоа не успеа да направи и пресврт. „Црвено-црните“ ги решија мечот во своја корист и се пласираа во финалето каде за противник ќе го има ЖРК Куманово.

Фото: facebook.com/WHCVardar

sportmedia.mk