УО на Ракометната федерација на Македонија, донесе неколку важни одлуки кои ќе донесат уште подобри денови во овој спорт. Во преден план е ставен развојот и квалитетот на ракометот, дел од клубовите веќе јавно го подржаа РФМ.

Во Супер лигата во машка конкуренција, следната сезона ќе има 12 екипи, па сезоната по неа 10 екипи.

Двете екипи од СЕХА Гаспром лигата ќе играат и во домашниот шампионат. Сите клубови во машка конкуренција ќе мораат да пријават пионерски екипи плус кадетска или јуниорска или и двете.

Во јавноста се огласија РК Охрид и Т. Пролет.

sportmedia.mk