Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, истакна дека општината подготвила акт за раскинување на договорот за изработка на Детален урбанистички план за просторот на сегашниот паркинг кај ГТЦ и ќе се бара друг изведувач, откако проектантската куќа „Билд урбан“ испланирала подземна детска градинка.

-Општина Центар спреми акт за раскинување на договорот бидејќи не се испочитувани одредени членови пред се не постапувањето на планерската куќа по забелешките и предлозите на комисијата. Штом ќе се заврши целата процедура ќе се распише нова набавка за да добиеме понуда од нов изработувач на план се со цел да се донесе план по насоки на општината – рече Богановиќ за Канал 5.