Apple ќе користи 5G модеми на Qualcomm за iPhone уредите во 2020

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple ќе користи 5G модеми на Qualcomm за iPhone уредите во 2020

Qualcomm и Apple во минатото имаа доста несогласувања, што доведе до голема борба пред судовите помеѓу двете компании. Меѓутоа, сега се кулминираше со изненадувачки договор помеѓу двете компании. Пред да слегнат впечатоците, се појавија информации за тоа дека Qualcomm ќе биде главен избор на Apple кога се во прашање 5G модемите за iPhone уредите од 2020. година.

Според извештајот на Nikkei, Apple веќе планира да го ангажира Qualcomm како главен снабдувач на 5G модеми за следната година. Двете компании, наводно, за договорот преговараа со недели наназад, а дел од овој план е поврзан и со достапноста на 5G модемите за Apple. Се истакнува дека Apple веќе ги тестирал 5G модемите на Qualcomm и од своите снабдувачи барал да го направат истото.

Овој извештај, исто така, потврдува дека Apple нема да користи 5G модем во iPhone линијата за 2019. година. “Премногу е доцна за Apple да ги користи чиповите на Qualcomm оваа година, но за 2020. година ќе купат модем чипови, вклучувајќи ги и 5G модемите за iPhone, откако е финализиран договорот”, истакна извор кој има увид во плановите на двете компании.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата